Димитар Апасиев, претседател на Левица, преку својот Фејсбук профил се обрати кон своите следбеници и сподели разочарувачки вести за претстојните избори, еве што изјави:
Од утрово, кај мене во инбокс, стигаат низа ШОКАНТНИ ИНФОРМАЦИИ од луѓе кои вчера биле во избирачки одбори, за кои не знам дали се вистина – а би ги замолил новинарите да ги проверат во Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC
Наводно, на гласачките ливчиња воопшто нема отпечатено сериски броеви (туку има само на кочанот), а ниту има скриени броеви видливи под УВ ламба – што, ако е така, е прв пат во нашата изборна историја!?
Искрено се надевам дека ова не е вистина и ги молам службите на ДИК да ја потврдат или демантираат оваа информација – која е страшна сама по себе, бидејќи отвора не малечко патче, туку цел автопат за утрешни изборни манипулации и фалсификати.
#ФерИзбори