Викендот кој веќе е зад нас помина во знакот на спортските успеси. Во главниот град на Србија, Белград, се одржа кик – бокс турнир на кој учество забележа и штипскиот клуб Гладијатор.
Никола Нацев доминираше со убедливо остварената победа во кик лајт, тој преку 4 борби оствари 4 победи, а на овој начин дојде и до златото.
Во дисциплината лоу кик, Никола Нацев изгуби од домашен борец и освои второ место.
На Меѓународниот кик бокс турнир „Трофеј на Белград“, Марјан Попадинов исто така освои два медала – златен и бронзен, а најмалиот гладијатор Јован Данилов се закити со бронзата.