Британската рок група „Квин“ го надмина богатството на британската кралица Елизабета Втора, според Sunday Times Rich List.
Тројцата живи членови на бендот „Квин“, Брајан Мен, Роџер Тејлор и Џон Дикон, како група се побогати од кралицата. Тројцата рокери заедно поседуваат богатство од 445 милиони фунти, што е околу 522 милиони евра, додека кралицата Елизабета Втора има 370 милиони фунти, односно околу 434 милиони евра.
Тројцата музичари заработија голема сума пари по прикажувањето на филмот „Боемска рапсодија“, кој излезе минатата година. Благодарение на овој филм, членовите на бендот заработиле по 33 милиони долари.
Филмот го прикажува животот на пејачот на „Квин“, Фреди Меркјури, кој почина на 45-годишна возраст во 1991 година од СИДА.