Штип е мал град во кој се се’ знае, па затоа нема потреба од криење на вистината и давање на лажни информации со кои некој се обидува да ја манипулира јавноста.

Во изминатиот ден во емисијата на ТВ Стар, директорот на Клиничката болница Штип, потврди дека за ден 02.06.2020, во Штип се евидентирани 14 новозаболени пациенти.

Неколку часа подоцна, на официјалната страна на Министерство за Здравство е објавен податок од само еден новозаболен во Штип во последните 24 часа.

Ајде во предвид би го земале фактот дека оваа информација на 14 новозаболени од КОВИД-19 била регистрирана подоцна, па поради тоа Филипче не ја имал во целост бројката, но како е можно овој број на 14 потврдени од вчера да биде преполовен на 7 заболени лица денес?

Покрај овие лаги, денес штипски негувателки обелоденија уште една лага, тие негираат дека имало скрининг или позитвно заболени лица од КОВИД-19 во Штип!

Точни информации без дамка сомнеж, засега нема обезбедено Општина Штип, а за да не биде доцна, граѓаните ги молат да бидат совесни и чесни.
Доста е, немојте да дозволите Штип да биде новиот Вухан само заради политички игри и лични бизнис интереси.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here