“Новинар од Њујорк тајмс е дојден во земјава специјално за да отиде кај Атиџе, да ја види и да разговара со неа“ откри за весникот ВЕЧЕР режисерката на “Медена земја“ Тамара Котевска. На нашето прашање дали и тие се гледаат и слушаат со хероината на најуспешниот македонски документарец по успехот кој тој го доживеа со двете номинации, таа додава: “Секако дека се гледаме, еве и сега ќе бидеме со новинарот кај Атиџе“.

Атиџе, пак, по враќањето од Лос Анџелес каде присуствуваше на церемонијата на Оскарите, го исполни и својот сон да сними песна.

Оваа вест ја објави кинематограферот Самир Љума на својот твитер-профил каде сподели и фотографија од Атиџе во музичко студио.

Насловот на песната е „Покрај река Брегалница“.

Својата љубов кон музиката Муратова ја покажа и во документарецот. Како што самата спомена, таа ја имаше подготвено песната која ќе ја отпееше на сцената во Лос Анџелес доколку документарецот ја добиеше наградата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here