Комисијата за заразни болести предложи 58-часовна општа забрана за движење за претстојниот продолжен викенд, што се совпаѓа со празниците Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј, одлучи Владата.

Уште четири лица починаа од КОВИД-19, со што вкупната бројка порасна на 110.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 41-годишен прилепчанец, кој се лекувал повеќе од 40 дена, додека во Градската општа болница „8 Септември“ починаа две лица од Скопје на возраст од 65 и 71 година, како и 73-годишен тетовец.
Денеска се потврдени 19 нови случаи на коронавирус (од 512 тестирања), од кои 11 во Скопје, два во Куманово и еден во Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и Виница.
Од досега регистрираните 1.858 случаи на коронавирус, активни се 381.
Бројката оздравени изнесува 1.367, 16 повеќе од вчера.
Македонија претстојниот викенд ја очекува уште еден долг полициски час, кој би требало да трае од 19 часот в сабота до пет часот во вторник.
„Ваквиот предлог е доставен до Владата бидејќи во изминатиот период не се почитувале мерките да нема собири и групирања, па имаме нови случаи на коронавирус“, кажа министерот за здравство Венко Филипче.
Кафулињата нема да се отворат ниту оваа недела и за ова одново ќе се дискутира после празничниот викенд.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here