Во ВИП салата на Сантиаго Бернабеу денес беше презентиран проектот за ремоделација на фудбалскиот храм на мадридистите, која официјално ќе започне од престојоното лето. Целиот проект ќе чини 575 милиони евра и ќе биде финансиран од неколку банкарски кредити, кои ќе се вратат во наредните 30 години. Се очекува неговото комплетно завршување на биде летото 2023-тата година. И по неговото комплетирање, се очекува да донесе зголемување на годишните приходи за 100 до 150 милиони евра.
Новиот Бернабеу ќе има поголем капацитет за 3000 седишта, односно вкупниот капацитет би требало да биде околу 83000 места. Висината на стадионот се зголемува за 12 метри за сметка на новите седишта, како и целосното покривање на стадионот, како и подвижниот кров. Истиот ќе биде направен по најновата технологија и целосно ќе се отвора и затвора за 15 минути. Надворешниот изглед ќе претрпи најголеми промени, со воведување на нанотехнологија, која овозможува преливање на боите и видео емитување по целата површина. Целосно ќе бидат покриени сегашните четири кули, а ќе се додадат и уште две нови.
Покрај ова, големи промени се очекуваат во делот на музејот, каде што ќе се додадат повеќе комерцијални точки, како и ресторани и дел за Esports. Комерцијалното ќоше на Plaza Sagradas Corazones ќе биде елиминирано, а во истиот предел ќе бидат направени два паркови и плоштад со зелена површина во делот спрема Paseo De Castellana. Од страната од Castellana ќе биде направено и големо лоби, каде што ќе се смести новиот главен влез во стадионот. Покривањето на стадионот ќе оди во прстени, сезона по сезона, како што е и самата архитектонска распределба на актуелниот. Промени ќе има и во видеобимот во внатрешноста на стадионот, кој ќе добие елипсна форма во 360 степени.
На денешното претставување, претседателот Флорентино Перез, во друштво на градоначалничката на Мадрид Мануела Кармена го претстави Бернабеу како најмодерниот нов стадион во светот, или една икона на Мадрид од типот на Операта во Сиднеј и Биг Бен во Лондон. Тој го потенцираше значењето на новиот проект, со кој истакна дека клубот ќе добие едно модерно, долгорочно решение за Бернабеу, кое покрај другите придобивки ќе биде и од големо значење за градот Мадрид. Со новиот проект се опфатени повеќе важни прашања за градот, како зголемување на зелените површини, разработување на комерцијалната мрежа, проширување на делот за лицата со посебни потреби и инвалидизираните лица, како и овозможување на партнерство со други брендови од градот.
“Овој акт значи финиширање на процедурата за новиот архитектонски проект за нашиот стадион. Сантиаго Бернабеу е нашиот дом, место каде што ги спојуваме нашите сили во изминатите 117 години. И ќе продолжи да биде тоа, во еден помодерен лик, со што ќе го направиме најсовремениот стадион на иднината. Стадион на 21-виот век, со максимална комфорност, безбедност, најсовремена технологија, од која што фановите ќе можат да уживаат во сите натпревари и покрај другото ќе ни донесе значајни приходи за клубот.”
“Ова е еден од најголемите проекти во историјата на Реал Мадрид. Стадионот кој се наоѓа во срцето на Мадрид ќе стане икона на градот, со еден најмодерен изглед, најбезбеден и комотен стил и ќе му помогне на клубот да биде компетитивен и во иднината на сите полиња. Набрзо започнуваат работите, со првична ремоделација со голем плоштад на Castellana od 20.000 m2, како и на Padre Damian со 5.500 m2. Потоа ќе се направи парк на Rafael Salgado со зелена површина и целосно подобрување на вкупно 66.000 m2.”
“Ќе имаме спектакуларна видеотехнологија во 360 степени. Овој проект проектира и целосно затворање, со еден модернистички облик и целосно затворање на покривот, кој дозволува за сите да бидат заштитени. Овој стадион е наш дом 72 години, тука имаме 13 Европски титули од фудбал и уште 10 од кошарка, што го прави единствено место во светот по одличја. Но покрај нив тука се и илузијата, преживеаните моменти, сеќавањата, емоцииите кои се трансмитираа со генерации наназад. И сето тоа ќе биде мотив кој што ќе не води до комплетирање на Сантиаго Бернабеу од 21виот век.”
Потоа свој говор имаше и градоначалничката Кармена: “Реал Мадрид има страшно влијание меѓу многу деца кои го следат фудбалот и ние работевме за подобрување на стадионите во Мадрид, со што мислам и дека успеавме. Се чувствувам почестена што го придружувам Реал Мадрид во неговиот проект. Веруваме во урбанистичкиот совет, поради што мора да му се заблагодарам на овој клуб за донесување на одлуката да придонесе многу и за градот Мадрид. Целиот проект ќе биде во финансирање од страна на Реал Мадрид и тоа е и идејата, да му вратиме на Мадрид и на луѓето за се што ни даваат секојдневно.”