Кафеанскиот живот ќе го збогатат припадници на финансиската полиција која ќе бара лични карти од поголеми групи гости на иста маса. Така ќе се утврдува семејната врска на гостите и прекршувањето на протоколите, тврди директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.
За 6 дена во периодот од 4-ти до 9-ти јуни, пазарните инспектори извршиле 3.154 контрли од кои 80 проценти биле проверки дали во рестораните се почитуваат протоколите. 15 објекти добиле криични пријави, а дваесет не ги почитувале заштитните мерки. Пауновски изјави дека ниту еднаш не е пишана казна доколку се фатени 4-ца гости на иста маса, и дека таа мерка и покрај барањето да се укине од угостителите и на инспекторатот- останува на сила по налог на комисијата за заразни болести. За свадби, веселби и за отварање на хотели се уште нема протоколи. Инспекторите откриле и дека многу објекти иако работата како ресторани, кафеани или чајџилници воопшто немаат дозвола.
Дури 12 автобуски превозници кои носеле работници во штипските фабрики не ги почитувале мерките. На возачите им е пишана казна од 200 евра, а на фирмите по 500-тини затоа што не ги почитувале протоколите за безбеден превоз на работниците.
Транспортниот инспекторат извршил 151 надзор, а секој 8-ми автобус не ги почитувал мерките во работничкиот превоз. Покрај Штип, ризично превезувале и 4 автобуси во Миладиновце и еден во Велес. Сето тоа се случило за период од 6 дена.