Утринава со полициска придружба и санитарно возило од граничниот премин Табановце две деца на возраст од една и пет години кои се позитивни на Ковид 19, биле пренесени во детската болница Козле. Директорот на болницата Андоновски за Алсат вели дека децата се во добра здравствена состојба и се асимптоматски. Сепак поради позитивниот наод од тестовите кои ги направиле во Ниш, тие морале по сите протоколи да бидат сместени во болница. Во Козле ќе останат најмалку 24 часа, и ако ситуацијата не се промени ќе бидат пуштени на домашно лекување. Болницата Козле е претворена во нов ковид центар. Детските кревети се заменети со болнички кревети за возрасни.
Во оваа болница се лекуваа деца заболени од пневмнонија, бронхитис и други белодробни заболувања. Поради преоптеретеноста на другите болници три деца од оваа клиника се префрлени на детската клиника а други дваесет мора да го продолжат своето лекување дома. Директорот на болницата вели дека болницата е избрана бидејќи ги има сите современи апарати за лекување на вакви болести и има и доктори – инфектолози но од утре на помош ќе дојдат и осум интернисти од скопските клиники. „Короната постои и сите мора да ја зголемиме медицинската култура и свесност.
Без почитување на препораките вирусот нема да го победиме, порача докторот Андоновски на прашањето на Алсат дали децата го плаќаат невниманието и несовесното однесување на возрасните?
Болниците во кои се лечат пациенти со Ковид 19 е драматична, полека се полнат сите капацитети. Во монтажната болница во Скопје веќе се примени десет пациенти позитивни на вирусот. На Инфективната клиника во последниве 24 часа се примени нови пет пациенти со Ковид 19.
„Информациите од надлежните се дека Клиниката за инфективни болести е полна. Меѓутоа, веднаш до неа се наоѓа и мобилната клиника која што има капацитет од 70 кревети. Во оваа мобилна клиника ќе се примаат пациенти со тешка здравствена слика“.
Здравствените лица апелираат граѓаните навремено да бараат прегледи и да се тестираат. Информациите од терен се дека докторите се уморни, но велат дека нивната професионалност има само една цел, да го дадат максимумот и да помогнат на заболените лица.