На прашањето дали за време на празникот Бајрам ќе имаме 24 часовен карантин, премиерот рече дека во консултација со стручните лица ќе се донесе одлука.

-Јас очекувам утре да се разговара на состанокот на Кризниот штаб за текот на мерките каде ќе бидат разгледани и бројот на новозаболени лица.

Ќе се консултираме и на основа на донесената одлука ќе ги донесеме соодветните мерки. Со оглед дека имаме двоен празник на 24 мај заслужува внимание убаво да се разгледа ситуацијата, изјави Спасовски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here