Обвинителката Лиле Стефанова ги одбегна камерите и не сакаше да коментира дали нејзината шефица Катица Јанева ја контролирала, односно, дали поради неа вршела незаконски дејствија поврзани со предметите кои ги води Специјалното јавно обвинителство. Стефанова на судењето за „Титаник“ влезе низ споредниот влез директно во судот, за разлика од останатите, кои поминаа пред камерите.

Во една од снимките кои се објавени од италијанскиот весник „Ла Верита”, поврзани со случајот „Рекет”, шефицата во оставка на СЈО, Катица Јанева вели дека ја има под контрола Лиле Стефанова, обраќајки му се на бизнисменот Орце Камчев кој е осомничен во предметот „Империја”, кој го води Стефанова.

Обвинителката Стефанова преку писмена изјава во изминатите денови рече дека Јанева без нејзино знаење носела одлуки за случајот „Империја” потсетувајќи дека барањето за издавање на времен пасош било одобрено без таа да даде согласност. Дополнително обвинителката Јанева на состанок со обвинителите побарала предметот да се затвори и никој да не оди во затвор.

Стефанова утре треба да даде исказ кај Вилма Русковска за случајот „Рекет”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here