Капитенот на Аргентина, Лионел Меси предизвика доста контроверзи на неодамна завршениот шампионт Копа Америка кога како никогаш досега бурно реагираш на судиите.

Ова негово скандалозно однесување може и тоа како многу да го чини откако Јужноамериканската фудбалска асоцијација покрена дисциплинска постапка против најдобриот аргентински фудбалер, кого за изнесените обвиненија му се заканува суспензија од максимални две години.

Правилникот на КОНМЕБОЛ е јасен и истиот е прекрашен, па „гаучостите“ имаат рок до утре да ја подготват одбраната за својата „ѕвезда“, се со цел да биде намалена казната што ќе му биде изречена на Меси.

За потсетување тој доби и црвен картон во мечот за бронзата против Чиле, но главниот проблем се скандалозните изјави упатени кон КОНМЕБОЛ.

Доколку Меси не се извини, а што е тешко за очекување, тогаш тоа значи дека би го пропуштил стартот на квалификациите за СП 2022, а неизвесно е дали би можел да настапи и на Копа Америка 2020, натпреварување кое ќе го организираат Аргентина и Колумбија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here