Мал авион Цесна исчезна од радарот попладнево на 26 километри јужно од Скопје, кај Солунска Глава. Авионот со четири патници, бугарски државјани, полетал од Охрид за Софија и контактот со контрола за летање е изгубен во 16.19 часот, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Од М-НАВ велат дека мал патнички воздухоплов Цесна П210Н, кој полетал од Охрид и се упатил кон Софија е изгубен од радарската слика околу 16.15 часот.
„Поради лошите временски услови побарал да слета на Скопскиот аеродром, но се премислил и се упатил кон Софија. На 26 километри јужно од Скопје, некаде кај Солунска Глава се губи сигналот. Пред да се изгуби сигналот, последен контакт со пилотот било: ’Јака турбуленција, јака турбуленција“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Николче Тасески, претседател на Управниот одбор на М-НАВ.
Во моментов се трага по исчезнатиот авион со два полициски хеликоптери.