Автопатот Штип Миладиновци не е безбеден и се додека е така, тој нема да биде пуштен во употреба. Ова денес на собраниската говорница го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески:
„… Точно е дека најавивме отворање, но утврдивме дека натпатникот кај Свети Николе има недостатоци. Правиме корекции, и нема да го ставиме во функција се додека тоа не го завршиме. Небезбеден автопат нема да пуштиме. Нема да дозволиме да биде доведена во прашање безбедноста на граѓаните…“, кажа министерот Сугарески.
Ова беше одговорот на Сугаревски на прашање упатено од пратеничката Благица Ласовска за која образложението на министерот не бешедоволно:
„… Имавте доволно време министре да го средите проблемот. Не сум задоволна од одговорот…“, реплицираше Ласовска.
Пред неполни 10 дена, во Делчево првиот човек на ЈП за Државни патишта, Зоран Китанов, пак, истакна дека пуштањето во употреба на автопатот, го кочат споредните приклучоци:
„Има сервисни патишта за некои населби или десетина куќи кои не биле третирани со проектот. По увидот ние видовме дека треба да се довршат тие сервисни патишта кој не се дек од главниот проект“ изјава Зоран Китанов, дир. на ЈП за Државни патишта)
Изградбата на автопатот почна во февруари 2014 година, со инвестиција во износ од 206 милиони евра.
Во декември минатата година беше објевено дека истиот е завршен и деке се чека технички прием, но оттогаш досега, неговото официјслно пуштање неколкуати е одложено.