Триумфот на фудбалерите на Академија Пандев во финалето од Купот на Македонија урна “клетва” долга 21 година. Верувале или не! Ова е прв фудбалски пехар за источна Македонија по две децении!!! Последниот ваков успех го имал Силекс во 1998 година и победата во истото натпреварување над Слога Југомагнат (4:1), на финалето во Кавадарци.

Затоа триумфот на „академците” не е само историја за нивниот клуб, тоа е радост за цел еден регион кој по цели 21 година успева да го урне проклетството.

А големиот пехар за првпат е во Струмица! Еден од нашите најголеми фудбалски центри се радува на првиот фудбалски успех. А колку ли само фудбалери даде Струмица!? Ете Академија Пандев успева во нешто што досега не им појде од рака ниту на Беласица, а ниту на Хоризонт Турново.

Горан Пандев е човекот кој е творецот на овој голем успех. Правилните вложувања во фудбалот и правилната работа носи успех. Оваа успешна фудбалска приказна треба да биде лекција и за останатите градови и клубови од Истокот. Да потсетиме, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Кочани, Берово и останатите градови од овој регион немат никаков фудбалски успех.

Кај повеќето во фудбалот има само општински пари и општински кадри. Таму интересот во преден план е да се злоупотребат парите, а во втор план е успехот на клубот. Така не е само сега туку со децении и децении.

Учете од Академија Пандев ако сакате сите од истокот да не чекате уште 21 година за нов фудбалски пехар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here