Граѓанско Демократската Унија преку социјалните мрежи се обрати кон јавноста, укажувајќи на проблематиките со кои се соочува Куманово.

Во продолжение, можете да го проследите нивниот апел …

Сликите од реката Кумановка која протекува низ нашиот град, се сѐ само не слики за гордеење. Повеќе личат на монтирана сцена за некој хорор филм отколку на огледало на Куманово во 21 век. А да биде иронијата уште поголема, таму ни е најголемото шеталиште на кое секојдневно се рекреираат нашите сограѓани. Па нека видат сите каде живееме.
Не е вината само кај народот и неговото ниско ниво на култура. Знаеме дека нашите сограѓани умеат да ја упропастат секоја педа од природата, но сепак потребно е да реагира и локалната самоуправа. Не смееме да дозволиме странците кои го посетуваат Куманово да не запаметат како град од Индија или Африка.

Мора да се исчисти речното корито, но и пределот околу него. Крајречниот појас мора да се исчисти од времените градби, но и трајните градби, претежно куќи за живеење кои се опасност и за природата, но и поради лизгање на земјиштето и за луѓето кои живеат таму и граѓаните кои поминуваат од таму. Сите тие како дивоградби не смеат да добијат легален правен статус. Решението ќе си го најде локалната власт.
Граѓанско Демократска Унија ќе ги потенцира јавните интереси, а на централната и локалната власт останува истите и да ги задоволи. Ние сме само коректив. Сѐ во служба на граѓаните.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here