Албанците пресудија, Македонија и понатаму зависи од нивната желба и волја.
Во првиот круг битката беше тесна, сега со неверојатни 50 илјади разлика гласови Стево Пендаровски обезбеди победа во вториот круг на претседателските избори пред кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.
На преброени 812 709, односно 96 посто од гласовите, за Пендаровски гласале 421 487 додека за Силјановска гласале 361 984. Одзивот во вториот круг беше 46 проценти од вкупниот број гласачи.
“Никогаш повеќе режим! Овие избори се победа на заедништвото и наша карта за Европа. Мојата мисија е да обединувам, сите да одиме заедно напред. Ќе бидам фактор на стабилност, а не фактор на кризи. Ќе бидам претседател на сите.. претседател од кој нема да се срамите” рече Пендаровски во победничкото обраќање во седиштето на СДСМ.
Овие претседателски избори укажуваат голем пад на довербата кај СДСМ и голем напредок во поддршката на ВМРО – ДПМНЕ.
Резултатите го дефинираат заклучокот, а тој вели: Во Македонија победи Гордана Силјановска Давкова , а во голема Албанија – Пендаровски.