Македонско-ромска музика ќе “ечи” во Штип, на ден петок (19.07.2019.)

Голема манифестација најави штипјанецот Низо Алимов, кој работи како професор во East European Folklife Center, САД.

Тој најави дека во Македонија за овој настан пристигнаа 35 американски државјани, музичари, кои ја изучуваат оваа автентична музика.

Парадата започнува во 17.30 часот, наспроти маркет Елкос, каде гостите ќе гледаат локална ромска свадба и по завршувањето започнува парадата од истата локација.

Предвидено е парадата да се движи од Елкос низ Радански пат, ОУ “Гоце Делчев”, трговски центар, покрај кејот на река Отиња со крајна цел градски плоштад – Слобода.

Временската рамка на рутата ќе биде од 18:00 до 19:00 часот, кога започнува церемонијата на плоштадот.

Се гледаме утре, заеднички да провериме колку американците се умешни со македонската музика!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here