Откако објави дека развила вакцина против „Ковид-19“, која исто така е објавена како прва вакцина во светот против новиот коронавирус, Русија сега започна со производство на оваа вакцина, се наведува во извештај кој се повикува на Министерството за здравство.

– Започнато е производство на вакцина против коронавирусот, која ја изработи научно-истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја – се наведува во извештајот, а пренесува „Спутник њуз“.

Првата руска вакцина против новиот коронавирус ја развија заедничкиот институт за истражување Гамалеја и руското Министерство за одбрана.

Русија објави дека вакцинациите ќе започнат подоцна овој месец, пренесува Ројтерс.

Некои научници стравуваат дека Москва може да го стави националниот углед пред безбедноста.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин го објави ова достигнување, велејќи дека вакцината ќе ја нарече „Спутник V“ според советски сателит, велејќи дека вакцината ги поминала потребните тестови.

Тој додаде дека една од неговите две ќерки добила доза на вакцината и се чувствува добро, пренесува Асошиејтед Прес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here