Во периодот од 6 до 12 јули, најмногу новозаболени има во Скопје – 454, а потоа во Тетово, па во Свети Николе, Гостивар, Штип… Во овој период има и 36 смртни случаи, од кои 17 во Скопје
Во 32 града, односно центри на јавно здрвавје во земјава се регистрирани случаи на ковид-19, според местото на живеење или привремен престој на пациентите. Најголем дел од случаите се регистрирани во Скопје, Тетово и во Куманово, додека највисок морталитет е забележан во Струга, Тетово и во Куманово, според последниот извештајот на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид-19 во земјава, заклучно со 12 јули. Дотогаш се регистрирани се вкупно 8.197 случаи на ковид -19 или 394,6 на 100 илјади жители.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип – 867,6, па во Ресен – 843,9 заболени на 100.000 жители. Следуваат (627,9/100.000), Куманово (604,1/100.000), Свети Николе (573,3/100.000), Дебар (544,0/100.000), Струга (484,9/100.000), Тетово (436,0/100.000), Охрид (404,6/100.000), Прилеп (315,8/100.000) и Велес (306,4/100.000), додека инциденца со над 150 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Пробиштип, Гостивар и Кочани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here