Селекторот на фудбалската репрезетација на Македонија, Игор Ангеловски, најави дека нема да остапиме од зацртаниот план да играме офанзивно и на победа против Летонија.
„Мислам дека сме добро воиграна репрезентација и дека сме репрезентација која знае сега што сака на теренот. Јас и претходно кажав дека нема да има драстични промени. Фокусот ни е на првиот натпревар против Летонија. Од оваа гледна точка, не можам во детали да говорам за противникот, затоа што има нов селектор. Но, секако дека имавме доволно време да ги анализираме нивните претходни натпревари, како и стилот на новиот селектор Стојановиќ“, изјави Ангеловски.
Желбата на нашиот селектор е полн стадион кој ќе го поздрави најдобриот на сите времиња, Горан Пандев на 21 март против Летонија ќе го одигра 100. меч за националната репрезентацијата.
„Горан Пандев ќе го игра 100-от натпревар во дресот на Македонија. Знаеме кој е и што е. Сакаме да го зачиниме јубилејот со победа. Кога може 70.000 луѓе на нозе да го поздрават во калчото, мислам дека истото може да се направи и во нашата земја“, заврши селекторот.
Собирот на А репрезентацијата на Македонија е закажан за 18. март (понеделник) во 12:00 часот во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје.