Тестовите за антитела преку крвта станаа една од клучните алатки за борба против пандемијата. Тие ги идентификуваат антителата – протеини произведени од имунолошкиот систем – како можен одговор на Ковид-19.

Колку луѓе имале Ковид-19 без симптоми? Дали оздравените пациенти се имуни на друга инфекција? Ако е така, колку долго се имуни? Ова се само некои од прашањата што истражувачите се обидуваат да ги одговорат во Чешка, Германија и на други места, користејќи тестови на антитела од крв за да прегледаат што повеќе слоеви од населението.

Потребни се само неколку минути и капка крв – да одговорат на сè почестото прашање: “Дали добив Ковид-19 без да го знам тоа?”

Чешки волонтери за научни цели и општ интерес

Во април, илјадници Чеси волонтирале на студија што ќе им даде одговор Да или Не, а на истражувачите ќе им обезбеди вредни информации. Тестовите на крвта или серолошките тестови станаа една од клучните алатки за борба против пандемијата. Тие ги идентификуваат антителата – протеини произведени од имунолошкиот систем како одговор на Ковид-19. Различно од тестот со брис од носот, со кој се тестира за активен вирус, тестот со антитела обично покажува дека инфекцијата поминала, вклучително и таа кои предизвикала благи симптоми или воопшто немало симптоми. Значи, треба проверки по случаен избор за да се откријат скриените случаи, ширењето и ефектот.

„Тестовите покажуваат позитивни случаи на Ковид-19 во рамките на целата популација, но има и други жаришта на инфекција. Не е распореден рамномерно во земјава“, вели Јармила Разова главна службеничка за хигиена од Чешка.

Германски пример

Следењето на клучни точки, според локација и демографски податоци, помага да се одреди кога и каде да се почне со работа и каде мерките за заштита делувале најдобро. Истражувачите во Германија спроведуваат слично истражување како чешкото, но со една битна разлика – По случаен избор одредените волонтери ќе бидат проверувани секој месец.

„Целта на студијата е да го следи ширењето на вирусот во Минхен во текот на една година, за подобро да го разбереме вирусот и неговото ширење и да можеме да носиме заклучоци“, вели д-р Верена Тиел која работи на германскиот истражувачки проект „KoCo19“.

Истражувалите се надеваат дека со повторно тестирање на испитаниците ќе утврдат колку долго антителата остануваат во телото. Има надеж дека антителата даваат имунитет, што би значело дека оздравените пациенти можат да продолжат со нормален живот. Но, вирусот е премногу нов за научниците да знаат колку тие антитела штитат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here