Деталите од поделбата на имотот сеуште не и се познати на јавноста…
После повеќе од две години од поднесувањето на барањето за развод, некогаш популарниот брачен пар Анџелина Џоли (43) и Бред Пит (55) и официјално се разведени.
После долга постапка, во текот на која се бореле за старателството над нивните шест деца, официјален старател е Ангелина, но Бред добил детален план за минување на времето со децата, кој го утврдил судот.
Друга важна ставка во нивниот развод била поделбата на имотот, но деталите од договорот не и се познати на јавноста.
Да потсетиме, Ангелина Џоли и Бред Пит се запознале во 2005. година, на снимањето на заедничкиот филм „Господин и госпоѓа Смит“. Во тоа време Бред бил во петгодишен брак со Џенифер Анистон од која псоле неколку месеци се развел токму поради Џоли.
Во 2006. година парот објавил дека наскоро ќе го добие првото биолошко дете, а осум години подоцна, во 2014. година решиле да се венчаат.
После многу шушкања, љубовта и официјално „пукнала“ во 2016. година поради „непомирливи разлики“, со многу скандали, препукувања по медиумите и изнесување на „валкан веш“ од десетте годиниз аеднички живот.