Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, заминува засекогаш од животот на штипјани!
Контроверзните проекти од типот на жичара, комплексот на затворен базен и аква парк, остануваат на обичен лист хартија и вечен заборав.
На некоја година пред локалните избори, СДС ги увиде слабите и немоќни кадри во Штип, па уште отсега од далеку се брани и повлекува од битката за подобар живот за Штип и штипјани.
По распнувањето на Штип, сега Бочварски со своите градежни фирми како нов Министер за транспорт тргнува во мисија за да ги воскресне уште повеќе личните бизниси и џебови со полнење пари преку градежниот пазар во Македонија.
Бочварски ќе биде запомтен како љубител на доброто кафе, надежен ерген и визионер на ветеното, не логичното, само за него остварливо, а никогаш во пракса видено и реализирано.