Александар Кристијан Голубовиќ во четврток ќе се најде на слобода, бидејќи тој ден му истекува казната од осум години затвор, на кои бил осуден поради трговија со дрога. Актерот во филмот “Vidimo se u čitulji” и поранешниот учесник во реалното шоу “Фарма” на 16 април треба да го напушти затворот во Пожаревац.
Голубовиќ неколку пати поднесувал молби за условна казна, бидејќи се стекнал со такво право по отслужување на две третини од казната, но Високиот суд не му излегол во пресрет, така што тој морал да ја отслужи казната во затвор до последниот ден!
– Голубовиќ целосно ја отслужи казната, немаше скратување, ниту намалување ниту еден единствен ден- потврдил неговиот адвокат.