Денес во Келн се одржа полуфиналната ждрепка за завршниот турнир во Лигата на шампионите.

По 196 одиграни натпревари во досегашниот тек од сезоната, четири екипи, меѓу кои и нашиот Вардар, останаа „живи“ и ќе се борат за престижниот трофеј.

Вардарци за противник го добија најголемиот фаворит за титулата и противникот против кого се соочија пред две години. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Веспрем на Дејан Манасков и Киелце.

Полуфинални парови ЛШ:

Барселона – Вардар
Веспрем – Киелце
Полуфиналните средби во „Ланксес Арена“ ќе се одиграат на 1 јуни, а финалето е закажано ден подоцна.

По завршувањето на турнирот ќе добиеме нов шампион кој ќе го наследи Монпелје на европскиот ракометен трон.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here