По двете награди на „Златна Бубамара“ за пејач на годината и хит на годината, популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано доби признание и надвор од границите на нашата земја.

Вчеравечер во спортската сала „Борик“ во Бања Лука се одржа традиционалната манифестација „Оскари на популарноста“, каде Лозано како единствен изведувач од нашата земја ја освои наградата во категоријата „Најпопуларни изведувачи од регионот“.

Влатко пред тамошната публика се претстави со двете добро познати нумери од неговиот албум „Десет“, „Километри“ и „Јако Јако“, а неговиот настап беше награден со громогласен аплауз од многубројната публика.

На оваа престижна манифестација покрај Лозано се појавија и познати музички имиња речиси од целиот Балкан како што се: „Тропико Бенд“, Кики Лесендриќ, Ален Исламовиќ, „Црвена Јабука“, и многу други. Инаку Лозано периодов работи под полна пареа, бидејќи на 23 март е закажан неговиот прв и голем солистички концерт во спортската сала „Вип Арена“, а за неколку дена ќе биде објавена и неговата најнова песна со наслов „Мајко“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here