На големо тече лицитацијата со датуми за одржување на предвремените избори кои беа одложени поради корона вирусот.

На лидерската средба кај Претседателот Пендаровски партиите, барем оние кои значат нешто на македонската политичка сцена со комплетно различни ставови. Според неофицијални и се уште непотврдени информации од партиски извори, Заев бара избори веднаш, односно само што ќе заврши вонредната состојба.

СДСМ сака изборите да се одржат веќе наредниот месец, но со тоа не се согласува ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски за избори го предложил крајот на летото, односно првично предлогот бил тие да се одржат во последната недела до август. Со овој предлог не се согласил Ахмети кој е на ставот дека избори во текот на август воопшто не треба да има.

По ова, Мицкоски дал нов предлог, изборите да се одржат на 13 септември. Приврзоците на СДСМ во албанскиот политички блок, ДПА и БЕСА се согласиле со предлогот на Заев, но се чини единствената партија која може да биде некаква конкуренција за ДУИ, Алијансата за Албанците смета дека изборите треба да се одржат во август. Од ДУИ понудиле две опции. Избори на 5 јули или доколку условите не го дозволат тоа, изборите да се одржат во првата недела од октомври што ќе влезе и во редовниот термин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here