Со месеци наназад се прават анализи, а посебно тука на Балканот и во Македонија, дека еден од најбогатите луѓе во светот Бил Гејтс сака да ги чипира луѓето. Односно со помош на новите вакцини, во кои Бил и неговата сопруга вложуваат многу пари, а во кои би биле вградени нано чипови да може да ги контролира и следи сите луѓе во светот. По долго молчење денес Бил Гејтс ги демантираше тие тврдења.

Никогаш не сум бил вклучен во такво нешто ниту пак сум планирал таква работа, изјави Бил Гејтс. Тешко е да се демантираат такви лудачки и глупи тврдења дека сакам да ги чипирам луѓето за да можам да ги следам, рече Гејтс.

Многу светски медиуми го обвинуваа Бил Гејтс, дека е еден од луѓето кои од позадина работел на создавањето на корона вирусот со цел да ги принуди светските влади да купуваат вакцини што тој ќе ги произведува.

Инаку Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда имаат инвестирано 300 милиони долари во борба против корона вирусот кој ја предизвикува болеста ковид 19 што и беше основа за сите тврдења или шпекулации дека лично тој е виновен за сегашната корона пандемија во светот.

Гејтс денес ги отфрли сите тие тврдења но во исто време изрази загриженост дека расте процентот на луѓе во светот кои не веруваат во вакцините.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here