Судот на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 денеска му изрече казна затвор од девет години, а на второобвинетата Катица Јанева затворска казна од седум години.
Судот Бојан Јовановски ги прогласи за виновен за сторените кривични дела – „примање награда за противзаконити влијание“ и за „перење пари“, а Катица Јанева за „злоупотреба на службена положба и овластувања.
По изрекувањето на пресудата Јовановски кажа дека судот донел политичка одлука и дека вистинските рекетари се на слобода.
-Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Македонија. Донесовте политичка одлука. Рекетираните пари барајте ги кај Зоран и Вице Заев – кажа Јовановски по што судијката побара да биде изнесен надвор доколку не зборува за пресудата.
-Сметам дека притворот којшто ми беше определен беше тенденциозен. Нема да се дадам во бегство. Едвај го чекам први јули, едвај чекам да дозволите да отидам во ЈО овие денови да ги пријавам сите кривични дела за сите вистински сторители на кривични дела. Знам дека ќе ми го продолжите притворот поради тоа што така ви е наредено – кажа Боки-13.
Ќе поднесам кривични пријави против фамилија Заеви и останати учесници во “Рекет” – Едвај го чекам први јули, тогаш ќе видите што ќе направам, вака на крај рече Боки-13!