Српскиот боксер Вељко Ражњатовиќ, син на Аркан и фолк пејачката Цеца, треба да се бори со Петрит Мазеркај од Косово.

Борбата ја побарал Ражњатовиќ, а преговорите веќе се во тек. Проблем е локацијата на борбата, бидејќи Ражњатовиќ инсистира тоа да биде Белград. Косовецот смета дека тоа не е безбедно. Тој е еден од миленците на Рамуш Харадинај, поранешниот командат на УЧК и сега премиер на Косово.

Мазеркај досега во професионалниот боксерски ринг има 17 победи од исто толку борби, од кои дури 13 со нокаут. Тој му се закани на Ражњатовиќ дека ќе го нокаутира уште во првата рунда.

„Мислам дека како и во случаите со неговите сонародници, истото ќе му се случи и нему во првата рунда. Евентуално во втората. Мислам дека за мене не е безбедно да се борам во Србија, бидејќи ги претепав сите Срби со кои се соочив во рингот“, изјави Мазекај за косовските медиуми.

Во минатото овој боксер три пати се сретна со српски противници и славеше три пати со нокаут.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here