За почеток ќе работи во младинскиот тим.

Роберто Карлос се врати во Реал Мадрид и ќе биде дел клубот каде што некогаш со успех играше на зелениот терен.

Бразилската фудбалска легенда неодамна учеше за тренерска ПРО лиценца во Србија. Низ медиумите во Србија можеше да се прочита неговото име како потенцијален тренер на Војводина, но Карлос сега пронајде ангажман во Реал Мадрид.

Познатиот Бразилец се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ како дел од стручниот штаб на Маноло Диаз. Диаз е тренер на младинскиот тим на Реал Мадрид. Карлос после завршувањето на кариерата работеше како амбасадор на „кралевите“, а сега добива нова должност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here