Сосема неочекувано Јувентус влезе во игра за трансферот на бразилскиот репрезентативец Нејмар.

Италијанските медиуми објавија дека таткото на фудбалерот е во Торино и вечерва најверојатно ќе има средба со спортскиот директор на Јуве, Фабио Паратичи. Наводно, таа средба ќе биде консултативна и информативна, но нема да биде чудо ако од неа произлезе договор за нов состанок на кој официјално ќе почнат преговори.

И на ПСЖ повеќе му одговара да го продаде Нејмар во Јувентус поради лошите односи со Барселона и може да му даде попуст, да договори размена на играчи или плаќање на повеќе рати на италијанскиот клуб.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here