„Брате зошто не ги утепа сите“ напиша на „Фејсбук“ братот на лицето кое прегази полициски службеници и заработи кривична пријава за поттикнување омраза и нетрпеливост, дознава „Либертас“.

МВР утврдило дека се работи за братот на пијаниот возач, кој во несреќата усмрти еден полициски службеник, а полициски практикант се бори за живот. Возачот исто така е во болница.

Од основното јавно обвинителство Куманово денеска соопштија дека повеле постапка против едно лице, жител на с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, поради постоење на основано сомнение дека го сторило кривичното дело Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од ЈОРМ, осомничениот делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната мрежа „Фејсбук“, кога објавил текст во кој дал поддршка на кривичното дело сторено од негов близок роднина во кое животот го загуби полициски службеник, а беа повредени уште четири лица. Во објавениот текст, осомничениот повикал на насилство кон оштетените од сообраќајната несреќа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here