Вардар ги доби противниците за следната сезона од Лигата на шампионите, најсилниот е ПСЖ, Раул Гонзалез за прв пат се враќа во Скопје како тренер на противнички тим, а повторно во групната фаза го имаме Кјелце со Карачиќ и Душебаев.
Вардар кој уште е актуелен шампион на Европа ги доби противниците за следната сезона, нашиот тим е во посилната група А, во која се уште и ПСЖ, Кјелце, Порто, ПИК Сегед, Мешков Брест и Фленсбург.
Легендарниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез за прв пат како противнички тренер ќе настапи во Скопје, ќе дојде со ПСЖ кој е главен фаворит во групата, заедно со него доаѓа и Криштопанс.
Од поранешните играчи на Вардар повторно доаѓаат Карачиќ и Душебаев, а ќе го видиме и голманот на македонската репрезентација Никола Митревски кој сега е член на Порто.
Кире Лазаров со Нант е во групата Б во која се уште и Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Мотор, Целје и Загреб.
Група А
1. Вардар
2. ПСЖ
3. Кјелце
4. Порто
5. ПИК Сегед
6. Мешков Брест
7. Елверум
8. Фленсбург
Група Б
1. Барселона
2. Веспрем
3. Кил
4. Алборг
5. Нант
6. Мотор
7. Целје
8. Загреб
Првите две екипи од групите го прескокнуваат осминафиналето и се пласираат директно меѓу осумте најдобри, последните две од секоја група испаѓаат. Останатите, од трето до шесто место ќе играат осминафинале.