Македонскиот првак со победа го завери билетот во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници и на реваншот во Скопје славеа со 32-30 и ја продолжија доминацијата против ППД Загреб во домашните мечеви во Лигата на шампионите.
Хрватскиот тим последен пат во нашиот главен град со триумф си замина во 2007 година, на 10. Ноември Вардар беше совладан со 26-34. Во составот на „црвено-црните“ тогаш играа Стевче Алушовски, Немања Прибак, Обрад Радуловиќ…единствен ракометар од актуелниот тим кој настапувал и тогаш е Владо Недановски. Доста интересно е што на другата страна Хрватите го имаа капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, на оваа средба тој постигна четири гола.