Деновиве, на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е изведена уште една операција на имплантација на лево-коморен асист дивајс или популарно кажано механичко срце, кај 42 годишен пациент.
Интервенцијата ја изведе комплетно самостојно, македонскиот тим, на чело со директорот на институцијата, Проф.д-р Сашко Јовев.
Оваа операција се користи за лекување на терминална срцева слабост кај пациенти кај кои што ниту еден друг тип на третман веќе не е можен и останува имплантација на механичкото срце или трансплантација.
Со ова, оваа процедура влезе како една од редовните на Универзитретската клиника за државна кардиохирургија и се започна со модерен третман на пациентите со терминална срцева слабост.
По воведувањето на оваа и претходно неколку други модерни операции, на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија се работи буквално се, од рутинската до најмодерната хирургија.