Двајца тинејџери се судриле возејќи велосипед при што се повредиле, вчера во Велес, соопшти МВР.
Инцидентот се случил вчера попладне на патниот правец Велес-Градско, кај местото познато како „Бабуна“.
„Во незгодата, едниот велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес каде биле пренесени за укажување на лекарска помош“, се наведува во соопштението.
Увидна екипа од СВР Велес извршила увид на местото на незгодата.