Постарите читатели се сеќаваат како се распадна Југославија. На распадот претходеше 14. вонреден Конгрес на ЦК на Сојузот на комунистите на Југославија на која делегатите се поделија во две групи: Македонија, Црна Гора, Босна и Србија на една страна, а Хрватска и Словенија на другата.
Во јануари 1990 година кога се одржа 14. Конгресот на ЦК СКЈ во Белград кој заврши по два дена расправа на делегатите, а уште повеќе поделби и расправа во јавноста околу иднината на Југославија која Словенија и Хрватска ја гледаа како држава во распад од која треба да произлезат независни држави во републичките граници, а останатите како федерална држава со поголема демократија и самостојност на Републиките.
Конечно, на 22 јануари околу 22:30 претседателот на словенечките комунисти Милан Кучан ја прекинува тешката расправа помеѓу Словенците и Србите. Кучан му пружа рака на председавчот на Конгресот Милан Панчевски, и ја напушта салата, а по него заминаа и сите 106 словенечки делегати на тој Конгрес. Малку потоа, во знак на поддршка на Словенците Конгресот го напуштија и Хрватите, предводени од нивниот шеф Ивица Рачан.
Околу полноќ седницата на последниот Конгрес на југословенските комунисти заврши, а салата се испразни. Следи граѓанската војна во Југославија и распад на државата. На 25 јуни 1991 собранијата на Словенија и Хрватска донесоа одлука за еднострано прогласување независност, а само месец дена потоа, на 27.6.1991 словенечката цивилна заштита изврши вооружен напад врз војската на Југославија и граѓанската војна која привремено беше прекината со Дејтонската спогодба од 1995 а завршена на Косово, во јуни 1999 година кога е конечно ставен печатот на југословенскиот распад.
Ако видиме, а гледаме, што се случува деновиве со Европската унија ќе забележиме дека ситуацијата е идентична како во со последниот Конгрес на комунистите во 1990-та, кога се распаѓаше Југославија.
Во мај годинава се одржаа избори за Европскиот парламент во кој влегуваат 750 делаегати од сите држави на ЕУ, вклучително и од Велика Британија која е на заминување. На тие избори убедливо победија партиите и асоцијациите од десната политичка страна. Победија десничарите од Европската народна партија (ЕПП) со 178 места во Парламентот. пред Алијансата на либералите и демократите со 108 освоени места. Водечкиот кандидат на ЕПП Манфред Вебер тогаш изјави дека победникот ЕПП има мандат да ја предводи Европската комисија (влада), при што неговиот став тогаш беше поддржан и од германската канцеларка Меркел.
Така беше во мај, но за помалку од два месеци работите почнаа да се комплицираат и менуваат. Одлуката за избор на прв човек на Европската комисија не им беше оставена на внатрешни преговори помеѓу партиите во Европскиот парламент туку, изборот се прави од страна на шефовите на влади на европските држави, европскиот совет. Во тие комбинации Манфред Вебер не е веќе фаворит за претседател на европската влада (комисија), туку сега за тоа место се планира холандскиот социјалдемократ Франс Тимерманс кој е поддржан дури и од десничарката власт во Германија, односно од ЦДУ и германската канцеларка Меркел. Десничарите кои победија на изборите се почувствуваа изневерени и изиграни.
И, така, чекор по чекор, ја гледаме Југославија пред распадот во реприза, деновиве во 21-от век. Големите и силни Германија и Франција сакаат да диктираат и наметнат решенија за идната европска влада, малите под водство на Италија не се согласуваат со тоа. Оваа поделба нема да заврши на европскиот самит, туку атмосферата ќе се пренесе и на другите нивоа низ ЕУ а, од друга страна, ќе ги зајакне намерите на Франција и Германија да создадат и наметнат модел дека не се сите исти во Европската унија, дека некои имаат поголеми држави, одговорности и трошоци и затоа треба да имаат и поголеми права. Ова, патем, е спротивно на идеалот и концептот на ЕУ, и нема да ја остави ЕУ без нови потреси во иднина затоа што еднаш стекнатото право на малите држави дека сите се еднакви не се напушта така лесно.
За почеток, Србија и Црна Гора како преговарачи со ЕУ за нивно членство ќе добијат развлекување од процесот, а Македонија и Албанија ќе добијат заклучена врата во чекалницата.
Извор: vecer.mk