Водата во река Брегалница која минува низ Штип, одеднаш стана бела. Луѓето кои го видоа ова загадување денес на реката Брегалница се крајно згрозени и изреволтирани. Многупати реката била загадена со разни отпадни материи но за првпат може да се забележи бела прашкаста материја во водата.