Владата се уште не собра сили да донесе одлука за полициски час за овој викенд, што се совпаѓа со празникот Фитр Бајрам. Исламската верска заедница денеска излезе со протокол за тоа како да се спроведат заштитни мерки за време на клањање на Бајрам. ИВЗ ги предупреди политичарите дека евентуалната одлука да се прекине празникот ќе ги иритира муслиманите пред парламентарните избори.
„Ако во текот на викендот се воведе целосен полициски час, тогаш вие, како надлежни органи, ќе ја изгубите вербата кај муслиманите, особено ако се знае дека нашата земја се наоѓа пред парламентарни избори. Ние како ИВЗ нема да превземеме одговорност за суспендирање на молитвата за Фитр Бајрам“.
Политичките партии, кои се дел од владата различни ставови за времетраење на слободното движење за време на викендот, кога е и празникот „Свети Кирил и Методиј“. Од СДСМ велат дека ќе ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести. Сепак, од ДУИ велат дека чекаат аргументи на епидемиолозите, за да одлучат дали е потребен целосен карантин.
ДУИ
„Да чекаме со какви аргументи ќе излезе Комисијата за заразни болести. Кога ќе се отвори дебатата во Владата, ќе видиме какви аргументи имаат од Комисијата и потоа ќе одлучиме “.
ВМРО ДПМНЕ се спротивставува на оваа рестриктивна мерка во текот на викендот, споредувајќи ја со олеснувањата на мерките најавени за следната недела.
ВМРО ДПМНЕ
„Со вакви мерки, СДСМ свесно влегува во провокација за тензии и конфликти меѓу населението и ја изложува полицијата во непожелна ситуација“
Предлогот на Комисијата за заразни болести беше за целоен, 58 – часовен карантин, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот. Министерот за здравство Венко Филипче изјави вчера дека треба да има полициски час, од 19 часот во сабота до пет часот во вторник. Во нивното барање беше наведено дека семејните собири за време на празниците можат да создадат нови жаришта на инфекција.