Ден по еуфоричното славје и неизвесната судбина на ракометниот клуб Вардар, од владата најавија награда од 500 илјади евра и сет мерки клубот да се здржи на исто ниво на кое е сега.

Кога во 2014-та срамежливо почна проектот Европски Вардар веројатно никој не очекуваше дека македонскиот бренд ќе добие планетарен успех. Се почна со уривањето на популарната лименка, тогаш дом на кошаркарите на МЗТ Скопје, на чие место се издигна новата сала Јане Сандански. Оние што беа дел од првата екипа на тогаш само амбициозниот Вардар денеска велат дека надежта секогаш постоела, но недоградена со многу макотрпна работа, пожртвуваност и трпение, вели за Канал 5, поранешниот голман Зоран Петковски.

Дел од првиот тим на Вардар, кој пред пет години го почна победничкиот поход кон Европа е и Стојанче Стоилов, кој како да било вчера ги помни првите натпревари и првите успеси. Затоа, вели Вардар мора да остане на истиот колосек, со кого уште долго ќе се гордее нацијата. Слична е пораката на сите во тимот на златните момчиња, кои денеска ги сретнавме пред салата, дел од нив, веројатно последен пат со своите довчерашни колеги.

-Навивачите од Скопје, луѓето од Скопје и цела Македонија ја осетија таа наша моќ ,а тие самите живееа тука во оваа држава и на Балканот како и ние на теренот и тоа го почуствуваа мислам дека заради тоа се има некоја хемија и луѓето почуствуваа поддршка. Навистина големо благодарам за ова што го приредија е нешто незаборавно.

Тие заминаа на прием кај премиерот Заев во Владата, а веднаш потоа пристигна и оптимистична вест. На средбата на која присуствуваа претседателот на ракометната федерација Живко Мукаетов, претседателот на клбуот Сергеј Самсоненко премиерот ветил половина милион евра награда за успехот и дополнителни 100 илјади евра преку Агенцијата за млади и спорт.

,,Уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму.

Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции.

Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт

И Канал 5 имаше можност денеска накусо да го крене победничкиот пехар, за кој да се надеваме нема да биде последен. По освојувањето на трофејот Самсоненко не ја криеше среќата, но и потребата од финансиска помош за Вардар да остане на врвот. Тој најави дека најверојатно ќе продолжи да ги спонзорира црвено – црните и дека нема да дозволи европскиот шампион Вардар да пропадне.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here