Вчера околу 19 часот на влезот во Велес се случи тешка сообраќајка во која во судир на воз и автомобил има неколку повредени лица. Возот се движел на линијата Велес- Гевгелија. По ударот возилото „рено“ излетало кај кланицата Агриа. Во возилото имало 5 лица од кои 3 мажи, една жена и едно мало дете, јави локалниот портал Велесденес.мк.
Еден од патниците итно бил пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје заради тешките повреди, а другите патници биле пренесени во болницата во Велес.
На лице место интервенирала територијалната противпожарна единица. Железничкиот сообраќај на линијата Велес- Гевгелија бил во прекин.