Раководството на СДС, се обидува со последните атоми од сила да ја “воскресне” партијата и да ги дотолчи граѓаните на Република Македонија.

Со брзина на светлината, па и побрза од онаа на Ковид-19, вирусот СДС, како и во сите градови, така и во Штип се обидува да преживее со продавање на ветер и магла.

Пари се неопходни за предвремените избори, па така СДС, сега се одлучи преку ЈП „Исар“, знакот делење да го замени со множење на пари, по мотото: “Кради и кради, додека обичниот граѓанин не може кров над глава да си изгради”.

Од горе наведените фотографии може да се забележи дека тендерот за партиски вработувања е објавен на 27.04.2020 година, период во кој ЈП Исар во време на криза ќе троши дополнително околу 850.000 денари месечно.

Додека го гледаме дојдениот живот на СДС, во истовреме го слушаме лелекот на обичниот граѓанин,   плачот на маката и солзите на тагата.
Ако надежта умира последна, тогаш крајот на СДС е очигледн, а секој крај значи и нов почеток!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here