Во центарот на Прилеп утрово е пријавена бомба, која за среќа не е експлодирала.Бомба кашикара пронајдена е напладне во центарот на Прилеп.

Кашикарата наводно со изваден сигурносен осигурач подготвена во секој момент да експлодира била оставена под маса со столови од летната тераса на кафе барот ,,Кафе Ин“,во близина е и експозитурата на НЛБ Тутунска банка.

Овој дел од градот е целосно блокиран од полицијата.

Евакуирани се посетителите на кафе барот и вработените во банката .

А ангажирани се екипи од итната медицинска помош и од професионалната против пожарна служба.

Засега не е познато кој ја поставил бомбата кашикара. Се очекува специјализиран тим од МВР за нејзино деактивирање.

Надлежните во интерес на истрагата се воздржуваат од официјални изјави,а од очевидците никој не сака да говори.

Сопственикот на овој кафе барот и неговите соработници се блиски на СДСМ.

Граѓаните зад камера претпоставуваат дека кашикарата е само порака упатена до некој.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here