САД го почна последното клиничко испитување на вакцината против КОВИД 19. Во последната и најважна фаза учествуваат 30.000 доброволци, кои до крајот на тестирањето нема да знаат дали ја примиле вистинската вакцината, или плацебо, која не е вакцина.
Фармацевтската компанија Модерна, со поддшка од американската влада, за првпат ќе се обиде да создаде вакцина против корона вирусот. Со истражувањето се проценува безбедноста на вакцината, како и можноста со две дози да се спречи ширењето на КОВИД 19. Се бара и одговорот дали може да се спречи и смртта од последиците на корона вирусот.
Компанијата Модерна, минатата недела, соопшти дека е можно првите дози од вакцината да ги произведе до септември, додека целосно тестираните вакцини може да ги произведе најрано до крајот на годината.
Низ светот, вакцината се обудуваат да ја развијат повеќе од 150 компании, од кои 25 веќе ја тестираат на луѓе. Освен компанијата Модерна, до крајната фаза на тестирањето е и британско-шведската компанија Астра Зенека.