“Black party”, вака веројатно гласи тематската забава на Општина Штип деновиве!
Тргнувајќи од влезот на градот, поминувајќи низ кривиот кружен тек, па движејќи се низ центарот и завршувајќи на пешачката патека, може да се забележи доминацијата од темната страна на овој град.
Евидентен е недостатокот на светлина, недостатокот од безбедност и недостатокот од превземање на соодветни мерки.
Пред неколку седмици главен проблем на пешачката патека беше високо обраснатата трева, а сега и прегорените, оштетените, кривите и крајно не безбедните столбови за улично осветлување.
Летото е на прагот, па граѓаните бараат светлина во мракот!
Граѓанин: „Ако досега рекреиравме на дневна светлина, отсега тоа ќе биде невозможно.
Температурите ќе растат, па единствено ќе можеме да се рекреираме во вечерните часови“.
Пешачката патека во вечерните часови изгледа како тунел, секој следен чекор влева надеж на активни функационални светилки, но залудно, темнината ја покрива и таа надеж.
Оваа патека демнее на опасност од вандалисти, глетка која нуди искршени клупи, дрвца, столбови за улично осветлување, па веројатно ќе треба да се размислува за превземање на безбедносни мерки преку патролна служба, чија задача ќе биде да ја заштити природата и рекреативците.