Само 30 лица во изолација и болни од Ковид 19 се пријавиле за гласање во понеделник на парламентарните избори во Штип. Во градот што е четврти по бројот на заразени со корона вирус во државата од стартот на пандемијата, заклучно со вчера има 160 активни случаи, а вкупно 258 граѓани се во изолација.
За гласањето во вторник се пријавиле 216 болни и изнемоштени граѓани. Од Општинската изборна комисија велат дека има промена на локациите на неколку гласачки места, а нема изземање на здравствени работници од избирачките одбори.
Во меѓувреме во регионот расте бројот на заразени од вирусот. На штипското Инфективно се хоситализирани 47 лица, од кои десет се на кислородна подршка. Има пациенти од цел регион каде има активни случаи на вирусот.
Голем раст на нови случаи вчера имаше во Свети Николе. Една фабрика од прехранбената индустрија е веќе затворена. Во оваа општина активни се 53 случаи, од кои 15 се текстилни работнички.
Од Општинскиот кризен штаб велат дека на иницијатива на сопственикот на конфекцијата направено е тестирање на сите 210 работници и од резултатите ќе зависат понатамошните чекори.