Претседателот на Србија Александар Вучиќ говореше на државната церемонија со која се одбележаа 20 години од нападот на НАТО.
„Неброено многу пати сум бил во Ниш, но никогаш не сум видел толку луѓе. Тоа зборува за поразлична Србија и за иднината на земјата. После пет години откако го одбележуваме датумот на НАТО агресијата, гледам мала држава која не дава да биде скршена. Нема да ги паметиме зборовите на нашите пријатели, туку тишината на нашите срца. Во тие години немавме пројатели, но благодариме на оние кои не работеа против нас. Бевме соочени со најголемата сила и нивната јасна цел, да не понижат“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека може да се разговара за се, освен за заборавот.
„И за Косово и за молкот на Европа, Србите кои живеат на Косово се најбројната етничка група во Европа и за нив треба да се грижат. Не се заинтересирани за тоа, да го истражат вадењето и продажбата на органи во Жолтата куќа, не реагираат на формирањето на Заедницата на српски општини, зошто го толерираат формирањето на воени сили на Косово?“, коментираше Вучиќ.
Претседателот се заблагодари на Србите на Косово бидејќи ги чувале нивните огништа и никому не смеело да му падне на памет да ги протерува.
„Не смееме и нема да го оставиме народот на цедило. Србија се подигна како феникс од пепелта, ги преживеа санкциите и агресијата на НАТО, преживеа и ограбување на државата. Денес е воскресната, не можат да го запрат нашиот пат кон опоравувањето, а воената неутралност е нашиот природен избор. Сакаме да бидеме свои на своето и да го чуваме нашето небо и да ја браниме нашата земја. Десетпати сме посилни отколку во 1999, а дваесет пати сме посилни отколку во 2008 година“, порача Вучиќ.
Најемотивниот момент од говорот следеше кога Вучиќ му се обрати на подофицерот Слаѓан Вуковиќ кој во бомбардирањето пред 20 години ги загубил двете дланки.
https://www.youtube.com/watch?v=hoDPAG9ydP0