Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека “со цело срце ја прифаќа” идејата за понуда за размена на територии помеѓу Белград и Приштина, за која македонскиот премиер Зоран Заев говореше во телефонски разговор мислејќи дека е на линија со поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, но всушност се работеше за руските комичари Владимир Кузнецов и Алексеј Столаров.

Заев на лажниот „Порошенко“ му вели дека е запознаен со скриена намера за размена на територии и дека Приштина на Белград треба да му отстапи 10 општини во северно Косово и дека во замена треба да се добијат “одредени општини од јужна Србија”.

“Доколку некој ни го понуди тоа што тој го зборува, јас би го прифатил тоа со целото срце, но очигледно тој зборувал за тоа со некој кој малку се разбира за преговорите меѓу Белград и Приштина”, изјави Вучиќ како гостин на телевизија Пинк.

Тој рече дека добил извинување од Заев, откако македонскиот премиер во разговорите кои беа објавени јавно вели дека српскиот претседател бил човек на Русија.

“Тој ми испрати извинување, ми испрати порака. Јас реков „поздрав другар“, што друго да му кажам – да се објаснувам дали сум човек на Русија или не?. Јас сум горд на тоа што сум Србин и што се борам само за Србија и тоа е познато дека ниту сум човек на САД, ниту на Русија, а тоа е тежината на мојата позиција“, рече Вучиќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here